Чонески: Да продолжиме да градиме општество во кое секоја жена ќе има еднакви можности, почит и простор да го покаже својот потенцијал

Сподели го ова:





























Денес е меѓународниот ден на жената – 8 Март, денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. По повод денешниот празник, крушевскиот градоначалник Нико Чонески упати честитка до понежниот пол во која се вели:

“Нека е честит 8 Март – Меѓународниот ден на жената!

Денес оддаваме почит и благодарност на сите жени за нивната сила, храброст и истрајност.

Жените се столбот на семејството, двигател на општеството и значаен дел од секоја институција и заедница.

Со својата посветеност, мудрост и грижа тие секојдневно придонесуваат за подобар, поправеден и похуман свет.

Да продолжиме да градиме општество во кое секоја жена ќе има еднакви можности, почит и простор да го покаже својот потенцијал” – порача Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави