Проданоски: Ќе се постават “легнати полицајци” на околу 20 локации низ Прилеп
Како што информира прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, на територијата на општина Прилеп ќе се постават т.н. “легнати полицајци” на околу 20 локации низ Прилеп.
Во наредниот период продолжуваме со реализација на нови проекти, исто така со средства обезбедени преку Министерството за транспорт: Реконструкција на тротоарите и велосипедските патеки на улица „11 Октомври“, како и реализација на безбедносен проект за забавување на сообраќајот преку поставување технички средства (грби, односно „легнати полицајци“) на околу 20 локации низ општина Прилеп. Конкретни проекти што носат реални подобрувања за секојдневието на граѓаните!” – порача вчера прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
