Приведен e насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“
Припадници на Министерството за внатрешни работи, го привеле насилникот од Радовиш кој тепаше жена, а при тоа насилството го емитуваше во живо на „Тик Ток“. Вознемирувачкото видео се прошири за мошне брзо на социјалните мрежи, а според некои неофицијални извори, насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца.
Како што потврдуваат од МВР, лицето веднаш е однесено во станица.
