Приватна компанија и донира на Општина Прилеп четири минибуси, кои ќе бидат во трајно користење на Јавното претпријатие за просторно и урбано планирање – Прилеп
ТУ „УНИПРОМЕТ НМ“ ДООЕЛ Скопје на Општина Прилеп им додели донација од четири минибуси, во вкупна вредност од 104.000 евра во денарска противвредност. Возилата, по спроведување на законската процедура, ќе бидат доделени на трајно користење на Јавното претпријатие за просторно и урбано планирање – Прилеп, кое стопанисува со јавниот градски превоз во општината.
Донацијата претставува значаен придонес за унапредување на квалитетот на јавниот превоз во Прилеп. Локалната самоуправа изразува благодарност до донаторот и очекува новите возила наскоро да бидат ставени во функција, со што ќе се придонесе кон подобрување на мобилноста и квалитетот на живот на граѓаните на Општина Прилеп.
