Киното и големата сала во НУЦК „Марко Цепенков“, СЕ ОСПОСОБЕНИ за безбедно одржување на настани
Како што информиравме пред околу два месеци, по налог на ДЗС заради безбедност беа затворени големата сала во НУЦК „Марко Цепенков“, како и киното Мис Стон – Прилеп. Меѓутоа, сето тоа е завршена приказна!
На околу десет дена пред почетокот на 7-мото издание на Детскиот музичкки фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, како и пред почетокот на најновото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, киното „Мис Стон“ во Прилеп како и салата од НУЦК „Марко Цепенков“ – веќе се оспособени за безбедно одржување настани!
Најновите детски хитови од најновото 7-то фестивалско издание, публиката ќе има можност ПРЕМИЕРНО да ги слушне во Прилеп на 4 и 5 јуни во НУЦК “Марко Цепенков”.
Фестивалски претстави за дечињата од училиштата и градинките ќе има двата фестивалски дена на 4 и 5 јуни од 10 до 12h, додека пак главната вечерна фестивалска претстава која ќе се снима за на ТВ е на 4 јуни во 19:30 часот. За секоj детски посетител следува подарок од “Ladna voda” и Витаминка. Како и секоја година, така и оваа ќе биде разиграно, распеано и веселоооо! Дојдете заедно да ги слушнеме ПРЕМИЕРНО најновите детски хитови и да се дружиме со урнебесните кловнови и маскотата од Веселото Ѕвонче.
