ПРИЛЕПСКИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ, ЗАМИНУВА НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ПО БИОЛОГИЈА

Сподели го ова:






























На 10.02.2025 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Вториот селекционен натпревар, преку кој се избраа најдобрите четворица ученици кои ќе ја претставуваат нашата држава на претстојната Меѓународна олимпијада по биологија која ќе се одржи во јули на Филипините.

   Од прилепската гимназија зедоа учество двајца ученици, Георги Николоски и Ивана Атанасоска, кои се натпреваруваа со најдобрите девет ученици од цела Македонија кои го поминаа првиот селекционен натпревар.

   На натпреварот Георги Николоски ученик во трета година имаше најдобри резултати и беше прво пласиран, а Ивана Атанасоска се рангираше на шестото место.
   И на двајцата ученици ментор им е професорката Софија Крстеска.

Георги ќе биде дел од тимот на претстојната олимпијада по биологија и ќе ја претставува прилепската Гимназија на светско ниво.

   Му посакуваме успешен настап и да се врати со освоен медал!




Сподели го ова:

Слични објави