Аирлија! Општина Прилеп ќе започне со реализација на 11 нови капитални проекти
Локалната самоуправа на Општина Прилеп подготвена за реализација на нови капитални проекти! Општина Прилеп продолжува со интензивна работа за унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните!
“Во рамките на Јавниот повик објавен од Министерството за Локална самоуправа, поднесовме 11 значајни проекти, кои ќе бидат финансирани со поддршка на Владата на Република Македонија. Ова се проекти од витално значење за сите граѓани, а нивната реализација ќе значи поквалитетен живот, подобра инфраструктура и современи урбани решенија.
Дополнително, во завршна фаза е и подготовката за уште еден капитален проект – Обиколница – Исток (од Сивец до А1), кој е во постапка за добивање на одобрение за градба.Изминатиот период, тимот на Општина Прилеп работеше со максимална посветеност на подготовка и апликација на овие проекти, со цел да реализираме што повеќе значајни инфраструктурни зафати и да ги решиме приоритетните прашања од интерес за граѓаните.Изразувам огромна благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски, за оваа значајна поддршка кон сите општини, со цел да овозможиме историски развој на локалните заедници. Нашите граѓани заслужуваат развиена и модерна Општина Прилеп! Продолжуваме посветено и одговорно!” – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
