Прилепчани згрозени од веста за старецот кој злоставувал 8-годишно дете во соседна Битола
Прилепчани згрозени од веста за старецот кој злоставувал 8-годишно дете во соседна Битола. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, кое што се сомничи дека сторило кривично дело – “Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години”.
Станува збор за 71-годишник кој што на 25 септември, во сопствениот дом во соседна Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно детенце, кое што го заклучил во станот. Врз основа на ова, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд-Битола достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.
Предлогот беше разгледан и прифатен од страна на судијата, кој што на осомниченото лице му определи притвор во времетраење од 30 дена.
