Во Прилеп и покрај распродадената сала, претставата СЕ ОТКАЖУВА заради технички причини
Премиерата на урнебесното шоу на Солза и смеа “Спонзоруша” кое беше закажано за на 05 мај во Прилеп СЕ ОТКАЖУВА. Од продукцијата на “Солза и смеа” упатуваат извинување до нивната верна публика, меѓутоа како што нагласуваат од таму, како во секој театар – така и во теататрот “Солза и смеа” се работи со живи луѓе и екипа, па заради технички причини на театарот претставата се откажува и се презакажува за во друг период. Исто така од продукцијата порачуваат дека сите оние кои купиле билети, можат денес и утре да извршат РЕФУНДАЦИЈА (ПОВРАТОК НА ПАРИЧНИТЕ СРЕДСТВА) од продажните места од каде ги имаат купено билетите за претставата.
Претставата ќе биде изведена во наредниот месец или во текот на летото, кога премиерно ќе биде изведена пред прилепската публика.
