Прилеп “ситно одбројува” до почетокот на првото издание од Фестивалот „Итар Пејо“
Во организација на КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп а со поддршка на Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков и повеќе компании, оваа година за прв пат ќе биде прикажано првото издание од Фестивалот „Итар Пејо“, кој ова лето ќе го исполни градот Прилеп со фолклор, музика, игра и добро расположение.
Запомнете ги датумите: 14 и 15 август!
Токму КУД „Мирче Ацев“ е „виновникот“ што Прилеп добива нова традиција, фестивалски денови посветени на македонското културно наследство, меѓународното пријателство и незаборавната народна веселба.
Се гледаме на Фестивалот „Итар Пејо“ таму каде што традицијата повторно оживува!
