Во двор на прилепчанец, фрлена експлозивна направа! Настанал пожар кој предизвикал оштетување на фасадата од куќата
Вчера утрото на 14.05.2025 во 07:13часот во ОВР Прилеп, од страна на М.В.(49) од Прилеп било пријавено дека во неговиот двор на улица ”Никола Каранџулов” во Прилеп, била фрлена експлозивна направа од која што настанал пожар и оштетување на фасадата.
За случајот, бил известен јавен обвинител, а увид бил извршен од страна на екипа на ОВР Прилеп. Врз основа на информациите од СВР-Битола, се преземаат мерки за расчистување на настанот.
