Господ е голем! Потрагата по прилепчанката Билјана Јандреска заврши со среќен крај! Пронајдена е жива!
Со среќен крај заврши потрагата по младата прилепчанка Биљана Јандреска Андоноска, која беше исчезната повеќе од 24 часа, па врз основа на тоа случајот беше пријавен во МВР, а интензивно по неа трагаше и нејзиното семејство, кое вечерва соопшти убава вест, а тоа е дека 34 годишната прилепчанка е пронајдена жива.
Семејството на социјалните мрежи се заблагодари до сите оние кои помогнаа во потрагата:
“Ви Благодарам на секоја помош.
Биљана е пронајдена, жива е” – соопштија од нејзиното семејство.
