Прилеп ќе добие „Фабрика за рециклирање на отпад“, а оваа вест ја соопшти прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој истакна:
“На наше огромно задоволство прифатен е амандманот со кој што се обезбедуваат 90.000.000 денари или 1.500.000 евра за реализација на проектот за изградба на „Фабрика за рециклирање на отпад“ во општина Прилеп!
Во време на опозиција и тешки услови за нашата држава конечно започнува процесот на децентрализација на буџетски средства за изградба на капитални проекти во општините!
Со реализацијата на овој проект ќе ја продолжиме нашата грижа за заштита на животната средина, ќе се овозможи отворање на нови работни места, а Прилеп со сигурност ќе продолжи да биде лидер во Република Македонија во однос на менаџирањето со отпадот.
Ова дефинитивно ни дава поттик да продолжиме уште посилно да делуваме и да работиме на развојот и иднината на нашиот Прилеп.
Важно е промените да продолжат и сакам да напоменам дека следува период во кој што заедно ќе реализираме уште капитални проекти за подобра иднина на сите прилепчани, онака како што ветивме!” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
Синоќа падна првиот снег на Ниже поле, а снегот го оживеа овој скијачки центар. Впрочем снегот е како најава на успешната ски-сезона која набрзо треба да започне оваа година. Скијањето на Нижеполе, беспрекорната услуга, уредениот паркинг простор се дополнителни атрибути кои Ски – центарот Нижеполе го прават посебно привлечно место со совршени услови за љубителите…
Вчера во големата сала во НУЦК Марко Цепенков се одржа големо стендап шоу на Сашко Коцев, насловено како Широк дијаФазон на емоции и чиста позитивна енергија. Стендапот на Сашко Коцев – мило, искрено и човечко. Сала полна смеа, срца полни радост, а ние – напоени со среќа и добра енергија што уште долго ќе трае….
Општина Прилеп со гордост ја пречека делегацијата од Општина Куманово во рамките на студиската посета насочена кон размена на искуства и добри практики во областа на управување со отпад. Нашето долгогодишно искуство и вложувањата во воспоставување ефикасен систем за селекција и третман на отпад се препознаени како успешен модел кој може да послужи како водилка…
На 18.07.2024 во 18.25 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека околу 11.30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен…
Мартин Никовиќ (32 години) од Прилеп како резултат на неговите извонредни голгетерски способности, веќе има два повици за да биде дел од Футсал-репрезентацијата на Македонија. Овој наш прилепчанец е најдобар стрелец – голгетер, во Првата футсал Македонска лига. Врз основа на листата на стрелци по 18 одиграни кола во оваа сезона, прилепчанецот Никовиќ има 27…
Не можам да кажам дека Законот за младинско учество до крај е успешна приказна, затоа што не се реализирале работите за кои заедно сме седнале и сме се договориле, а овој закон е направен за младите да добијат вклученост и да влијаат на политиките, изјави Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ…