ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ: Слатката Димитрина Крстеска од Прилеп ќе пее на најновото фестивалско издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:






























Прилепчанката Димитрина Крстеска која има 7 години, со новокомпонирана песна ќе пее на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој по 7-ти пат ќе се случи во април оваа година во големата сала во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп.

Димитрина поседува одлична способност за пеење, a на наредното фестивалско издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”, ќе настапи со екстра детска песна, за која музика и текст напиша Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така оваа песна си доби и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски (група Меморија)

Во април оваа година, прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков ќе ужива во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде ќе има можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.

Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 070/ 272-593 – ОСТАНАТО Е САМО УШТЕ ЕДНО СЛОБОДНО МЕСТО!!




Сподели го ова:

Слични објави