Непрекинато се работи на расчистување на улиците и патиштата во општина Прилеп

Сподели го ова:





























После синоќешните и утринските врнежи од снег, екипи од Општина Прилеп се на терен и непрекинато работат на расчистување на улиците и патиштата во градот под Марковите Кули. Со соодветна механизација, коловозите се расчистени и посипани со сол и ризла за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот. Од утрово на терен исто така се и екипи на ЈКП Комуналец – Прилеп.

Апелираме до сите граѓани, куќни совети и сопственици на деловни објекти да се придржуваат кон законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. Со заеднички напори ќе обезбедиме безбедно и олеснето движење, како и непречено извршување на секојдневните обврски за сите. Исто така, упатуваме апел до сите сопственици на возила да ги дислоцираат паркираните возила од коловозите, особено во централното градско подрачје и на потесните улици, за да овозможат непречен пристап на механизацијата и екипите кои интензивно работат на терен. Ви благодариме за вашата соработка и разбирање. Продолжуваме да ја следиме состојбата и да вложуваме максимални напори за непречено и безбедно функционирање во зимски услови! Вашата безбедност е наш приоритет! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави