Претставници на Општина Крушево беа во официјална работна посета на Кина
Претставници на Општина Крушево, заедно со директорот на ЈП „Комуна“ – Крушево Благојче Јанески, деновиве престојуваа во официјална работна посета на Нингбо, Народна Република Кина.
Целта на оваа посета е размена на добри практики, воспоставување соработка и запознавање со современите глобални стандарди во сферата на екологијата, комуналното управување и туризмот.
Делегацијата оствари посета на реномираната фабрика за трансформација на отпадот во енергија Ningbo Dongqiao Environmental Protection, каде одблиску се запозна со овој напреден процес (Waste-to-Energy).
Ова искуство е од исклучително значење за лоцирање на нови, еколошки решенија за управување со отпадот во нашата општина.
Од Општина Крушево порачуваат дека продолжуваат со градење меѓународни партнерства кои носат нови перспективи, знаења и развој за нашето Крушево!
