Претседателката Силјановска – Давкова: Ќе стоиме зад вас и ќе ве бодриме, оти сте одличен тим пред којшто стои светла победничка иднина

Сподели го ова:





























Веднаш после вчерашната победа на македонската ракометна репрезентација на СП во ракомет, Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, упати моќна порака до македонските ракометни херои:

По три одлично одиграни натпревари, од кои првиот, со Унгарија, со нерешен резултат, вториот, со Холандија, неправедно изгубен и третиот, со Гвинеја, со убедлива и заслужена победа, ветувачката македонска ракометна репрезентација, продолжува.А, ние, навивачите, на теренот, дома, или ширум светот, остануваме со Лазаров и нашите одлични ракометари.

Ќе стоиме зад вас и ќе ве бодриме, оти сте одличен тим пред којшто стои светла победничка иднина. Вие сте нашите врвни спортски амбасадори!” – порача Претседателката Силјановска – Давкова.




Сподели го ова:

Слични објави