КНИГАТА Е НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО: Во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп се зголеми фондот на книги во училишната библиотека
Поетот Илко Димитриески и поранешниот директор на Универзитетската библиотека на Македонија Миле Бошески, денеска беа во посета на ООУ Климент Охридски во Прилеп, каде остварија средба со директорот на ова прилепско училиште Ахил Јаков.
“Денес во посета на нашето училиште ни беа поетот Илко Димитриески и поранешниот директор на Универзитетската библиотека на Македонија Миле Бошески кои донираа книги за училишната библиотека, со што го збогатија нашиот библиотечен фонд!
Голема благодарност за двајцата!” – истакна директорот Јаков.
