Премиера во Штип! “Солза и смеа” во проширен состав наскоро доаѓаат во Штип со најновата комедија “Аџанак-Баџанак”
Штипјани ќе се смеат на секои 5 секунди! “Солза и смеа” наскоро доаѓаат во Штип со најновото комично шоу “Аџанак – Баџанак”, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место!
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови.
Наскоро ќе го објавиме и датумот! Време е за “Смеење до солзи”.
