Општина Прилеп во интерес на прилепчани бара од Јавното претпријатие за Државни патишта да профункционира уличното осветлување на клучката при влезот за Прилеп од страна на Битола
Со цел подобрување на сите состојби на територијата на Општина Прилеп, Градоначалникот и службите постојано се на терен во интерес на граѓаните.
При такви рутински секојдневни излегувања на терен констатирана е состојба на клучката при влезот за Прилеп од страна на Битола, дека уличното осветлување не е во функција.
Во соопштението од Општина Прилеп се вели: “Во насока на транспарентноста на Општина Прилеп, потенцираме дека иако тој дел од сообраќајница не е под надлежност на локалната самоуправа, а спаѓа во надлежност на Јавното претпријатие за Државни патишта, сепак поради тоа што станува збор за состојба од јавен интерес, од општината е пуштен допис и барање до истиот надлежен орган за што побрзо санирање на дефектот во осветлувањето на овој дел од клучката за безбедно одвивање на сообраќајот и на сите учесници во него. Како општина главен акцент и фокус на реализација ни се проекти за урбанизација на сите влезови во град Прилеп”-се истакнува во соопштението од Општина Прилеп
