Пратеникот и кандидат за градоначалник Дејан Проданоски на увид на градежните активности на улицата „Александар Македонски“
Дејан Проданоски, пратеник и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп денеска беше на увид на градежните активности на улицата „Александар Македонски“.
Денес бевме на увид на градежните активности на улицата „Александар Македонски“ – од кружниот тек кај ЈКП „Водовод и Канализација“ до раскрсницата кај градскиот стадион „Гоце Делчев“. Реконструкцијата опфаќа еден километар и вклучува поставување нов асфалтен слој, замена на ивичњаците по целата траса и целосна санација на шахтите.
Ова е дел од програмата за модернизација на уличната инфраструктура, со која чекор по чекор го подобруваме изгледот и функционалноста на градот. Во рамките на истата програма, веќе е обновена улицата „Архиепископ Доситеј“ во должина од еден километар! Исто така се работи на проект за целосна реконструкција на ул. „Александар Македонски“ до излезот на градот кај индустриската зона Металец. Нашата цел е јасна – континуирано вложување во секое маало и населба, за безбеден сообраќај и подобри услови за живот на сите прилепчани – порача Проданоски.
