Во Битола, голем број на докажани чесни луѓе се на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ
По долгите анализи и испитувања кои ги правеше и она што го констатираше, ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници кои ќе настапат на следните избори – истакна Ѓорѓија Сајкоски, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
За Битола за носител на листата на ВМРО- ДПМНЕ е универзитетскиот професор Филип Поповски, а зад него на листата се Бојан Бојкоски, Наташа Марковска, д-р Илија Келепуровски, Марина Крстиќ, докторот на науки Љубе Никлевски, како и други истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ Битола.
