После низата скандали во прилепската болница, болницата сега има нов, ефикасен директор
Докторот специјалист по ортопедија Кире Јоноски, е именуван за директор во прилепската болница “Борка Талески”. Јоноски беше досегашен советник во Советот на општина Прилеп.
Д-р Јоноски, на оваа позиција доаѓа на местото на директорката Кети Смилеска.
Јоноски помеѓу прилепчани важи за човек со огромно знаење и интегритет, а воедно прилепската јавност го знае и како голем хуманист.
