ПРИСТИГНАА НА ОСТРОГ: Двајцата прилепчани кои со велосипеди тргнаа од Прилеп, пристигнаа во манастирот во Острог
Нашите прилепчани Филип Спиркоски и Драган Илиоски кои со велосипеди тргнаа кон Острог, вчера пристигнаа во манастирот св. Василиј Острошки во Црна Гора. Станува збор за полициски службеници при ОВР- Прилеп и припадници на ПЕП, кои со вера во Бог тргнаа на ова патување.
Секоја чест момци!
Бог нека ве благослови, а св.Василиј Острошки нека ве чува вас и вашите најблиски!
Прилеп и Македонија се гордеат со вас!
