Поради убиството на докторот, матичните лекари денеска нема да работат од 12 до 16 часот

Сподели го ова:






























Матичните лекари од приватното здравство се згрозени од случајот каде што нивен колега беше пронајден мртов со убодни рани на телото, на паркингот кој се наоѓа во близина на поликлиниката „Железара“. Од Здружението на приватни матични доктори во знак на револт, за денеска најавија дека нема да работат од 12 до 16 часот.

Од Лекарската комора нагласуваат дека никаков вид на насилство во општеството не смее да биде толериран, а воедно од надлежните институции бараат итно да ги преземат сите неопходни мерки и да ги утврдат околностите во кои се случил настанот, а исто така соодветно на тоа да го пронајдат и санкционираат сторителот.




Сподели го ова:

Слични објави