Со песна и игра, битолската детска градинка „Естреја Овадија Мара“ прослави 65 години постоење на установата
Јавната установа детски градинки „Естреја Овадија Мара“ денеска го прославува својот патронен празник и одбележува голем јубилеј 65 години постоење на установата.
Прославата е под мотото „Твојата храброст-наш патоказ“, а на неа присутни беа директорката на градинката Весне Лозановска и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој им честиташе за одбележувањето на патрониот празник и големиот јубилеј.
Децата од градинката заедно со вработените подготвија пригодна програма за денешното обележување на двата значајни настани.
Прославата се одржа во детската градинка „Пролет“.
