Полицијата ги уапси! Три лица краделе од нивата на човек кој чесно си го заработувал “парчето леб”
Врз основа на информациите на СВР-Велес, вчера приведени се три лица од Кавадарци поради кражба од нива.
Полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41-годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54-годишно лице од кавадаречкото село Ваташа.
По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
