ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: По 38-ми пат, се одржаа Мариовско–Мегленските културни средби
Со богата културно уметничка програма, оваа година по 38-ми пат, се одржаа Мариовско–Мегленските културни средби во манастирот „Свети Илија“ – Мелница.Голема благодарност за организацијата, Здружението „Мариовско-мегленски културни средби“ од Прилеп, затоа што одржувањето на овие средби е од круцијално значење.
Заедно со претседателката на Советот на Општина Прилеп и присутните гости, со задоволство го проследивме колоритот од народни носии, македонски ора и песни, кои што потсетуваа на едни времиња кога Мариово беше многу поживо. Со негувањето на културните традиции го истакнуваме македонскиот идентитет и исто така се трудиме и да го промовираме Мариовскиот регион како извонреден потенцијал за развој на руралниот туризам. Овие средби за одржување на контактите помеѓу македонскиот народ, се од суштинско значење како за Мариовскиот регион и за општина Прилеп така и за Република Македонија – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
