ПОГЛЕДНЕТЕ: Денеска имаше голем број на искрени, детски насмевки во Кабинетот на прилепскиот градоначалник
Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, во својот кабинет ги прими четвртоодделенците од основните училишта: „Кочо Рацин“, „Рампо Левката“ и „Гоце Делчев“.
Посетата на учениците е во рамките на годишната програма по предметот Општество, каде учениците учат за надлежностите на Локалната самоуправа и градоначалникот.
Учениците заинтересирани го прашуваа градоначалникот како изгледаат и како се решаваат секојдневните работни обврски.
Не постои подобар начин да се научи како функционира Локалната самоуправа и која е нејзината важност преку непосредна средба и изворно од првиот човек на Општината.
