Пецаков со моќна порака за Денот на Независноста: Наша е обврската да го сочуваме наследството за кое нашите предци се избориле
Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, до своите сограѓани како и до граѓаните на целата наша земја, упати искрена честа во која се пренесува една суштинска- моќна порака до македонскиот народ во која се вели:
”На 8-ми Септември 1991 година, единствени во намерата за да бидеме свои на своето, на нашиот трет Илинден, храбро, одлучно и одговорно го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија. Наша е обврската да го сочуваме наследството за кое нашите предци се избориле. Она што тие ни го оставиле да им го предадеме на поколенијата.
Треба да знаеме кои сме за да знаеме што сакаме да бидеме. Треба да знаеме што имаме за да знаеме што сакаме да стекнеме. А, сакаме и целиме кон значаен напредок на Македонија во сите сфери од општественото опстојување, подобри услови за живот на нашите деца. Сите заедно да допринесуваме за доброто на демократска и мултиетничка Македонија. 8-ми Септември е ден за љубов кон нашата татковина. Да ни е вековита Република Македонија” – порача Пецаков во својата честитика по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.
