Со традиционалната изложба на маски денеска започнува прилепскиот карневал
Денеска, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена традиционалната изложба на маски изработени од основните и средните училишта во градот. Со оваа изложба започнуваат и свеченостите за прилепски карневал „Прочка 2024“, кој е во организација на прилепската локална самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“.
Карневалските свечености и активности продолжуваат и утре, а ќе траат се до недела кога е главното карневалско дефиле.
