Општина Крушево непрекинато работи на уредување и одржување на јавните површини

Сподели го ова:





























Општина Крушево продолжува со активностите за уредување и одржување на јавните површини во Крушево, со посебен акцент на просторот околу Крушевското Езеро, кој претставува едно од омилените места за рекреација, одмор и дружење на граѓаните и посетителите на нашиот град.

Во изминативе денови, екипите на ЈП Комуна Крушево интензивно работат на косење на тревните површини, расчистување и уредување на просторот околу езерото, со цел истиот да биде целосно подготвен за претстојниот летен период и за бројните настани што ќе се одржуваат во Крушево.

Просторот околу Крушевското Езеро и оваа година ќе биде локација на кампинг зоната на фестивалот „When in Krusevo“, настан кој од година во година привлекува сѐ поголем број посетители од земјата и странство. Токму затоа, паралелно со редовното одржување на јавните површини, се спроведуваат активности за уредување и подготовка на овој простор, со цел да обезбедиме чиста, безбедна и функционална средина за сите гости и посетители.

“Нашата цел е да обезбедиме чист, безбеден и функционален простор кој ќе понуди пријатен престој за сите посетители и ќе придонесе за позитивно искуство од престојот во Крушево.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на создавање уредена и привлечна средина, достојна за туристичкиот потенцијал што го поседува нашиот град.

Со навремени подготовки и континуирана грижа за јавните површини, работиме Крушево да биде подготвено да ги пречека сите гости кои ќе бидат дел од богатата летна програма и фестивалските содржини” – истакна Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави