ОК ВМРО ДПМНЕ – Крушево: Вашата поддршка за советничката листа и кандидатот за градоначалник е поддршка за иднината на нашиот град
“За иднината на Крушево важно е не само да се избере градоначалник, туку и да се обезбеди силна поддршка во Советот на Општината. Советниците се тие што ги усвојуваат одлуките, буџетите и програмите преку кои се реализираат сите проекти. Без стабилно мнозинство и заедничка визија, ниту еден градоначалник не може целосно да ги спроведе планираните иницијативи.
Затоа е клучно крушевчани да ги поддржат кандидатите за советници кои стојат зад истиот план и иста цел развој и напредок на нашиот град. Со тоа ќе му овозможиме на идниот градоначалник сигурна основа за работа, јасна насока и вистинска сила за реализација на проектите што ќе донесат подобар живот за сите нас.
Вашата поддршка за советничката листа и кандидатот за градоначалник е поддршка за иднината на нашиот град” – се истакнува во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Крушево.