И камен да ѐ – ќе заплаче! Донирајте за 10 годишната Ева за да го победи ракот – МОРА да реагираме веднаш!!!

Сподели го ова:





























Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!!!

10 годишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

Линк за донирање во прилог + телефонски број за донации:

https://ecrowd.mk/projects/32e3d013-ee25-4087-83c8-d0e29fb42960

Во прилог објава од член на нејзиното семејство:

“Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки). Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази: 1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија 2. Хируршко отстранување на туморот 3. Дополнителни шест месеци хемотерапија” – соопштуваат од семејството.




Сподели го ова:

Слични објави