Од превенција до терапија: Прилепската болница во борба против зависностите од коцкање
Сподели го ова:
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп ја информира јавноста дека во рамките на Невропсихијатриското одделение и Кабинетот за медицинска психологија функционира Советувалиште за зависност од коцкање, игри на среќа и интернет.
Станува збор за една од ретките вакви форми на стручна поддршка во државата и во регионот, воспоставена по примерот на Психијатриската клиника „Јанкомир“ од Загреб.
Советувалиштето е отворено пред две години и во него, во услови на целосна дискреција, се спроведува кратка динамичка терапија со лица кои се соочуваат со последици од зависничко однесување поврзано со коцкање, игри на среќа и интернет.
Според искуствата од работата на стручниот тим, оваа појава е сериозен предизвик и на локално ниво, при што се засегнати лица од различна возраст и социјална структура. Токму затоа, покрај третманот, особено внимание се посветува на превенцијата, раната детекција и едукацијата.
Во рамките на редовните активности, Советувалиштето во соработка со средните училишта реализира превентивни едукативни работилници и обуки за волонтери од редовите на учениците и наставниот кадар.
Една од ваквите активности беше реализирана во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, училиште кое образува и медицински кадар. Во реализацијата на работилницата учествуваа Јован Велески и котерапевтот Петре Стеваноски, во соработка со психологот и педагогот од училиштето.
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп упатува апел до граѓаните навремено да побараат стручна помош при појава на проблеми поврзани со зависност од коцкање, игри на среќа и интернет, имајќи предвид дека навремената интервенција значително ги подобрува можностите за надминување на проблемот.
Термини за работа на Советувалиштето
Советувалиштето работи секој вторник и среда од 15:30 часот, во амбулантата на Невропсихијатриското одделение, со целосна дискреција.
Закажување преглед
За закажување преглед, граѓаните можат да се јават на телефон: 078 243 501
Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, ги започна подготовките за следното-јубилејно 5-то фестивалско издание кое ќе се одржи наредната година во месец мај. Имено, овој најпопуларен детски музички фестивал, оваа година во Прилеп имаше две преполни сали во НУЦК Марко Цепенков, каде што прилепската публика и гостите од другите градови, уживаа во најновото фестивалско…
Денеска е празникот посветен на Oтсекување на главата на св. Јован Крстител. Славното отсекување на главата Претечева беше еден вид Божја промисла, за и на оние во адот да им го проповеда доаѓањето на Спасителот. Затоа нека реди Иродијада, која го испроси беззаконото убиство, бидејќи таа не го возљуби законот Божји, ниту вечниот живот, туку…
На 12.02.2023 во 00.24 часот во СВР Битола е пријавено дека на пат од с.Вашарејца и с.Бучин, во близина на крстосницата кај с.Свето Тодори, В.Б.(30) од с.Врбоец, крушевско, кој управувал патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Б.,…
Вечерва се одржа годишниот концерт на Културно уметничкото друштво ,,Мирче Ацев” од Прилеп, во рамките на програмата за одбележување на 3-ти Ноември. Чест и задоволство беше вечерва да се гледаат нашите прилепски и македонски фолклорни амбасадори. Честитки за досегашните успеси и ви посакувам уште многу концерти и настапи преку кои што заедно ќе придонесуваме за…
Од 8-ми до 19-ти април во Ликовната галерија во НУЦК “Марко Цепенков”-Прилеп ќе биде поставена Изложба „Геолошки пресек„ 2 од Давид Атанасоски. Изложбата е инспирирана од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото.
ВО ТЕК СЕ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПЕШАЧКИ СЕМАФОРИ, СЕ РАБОТИ ВО НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ЗА ДА НЕМА ЗАСТОЈ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“ во тек се активностите за поставување на пешачки семафори кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не е затворена…