Од 14 до 21 ноември, битолчани ќе уживаат во најновото издание на “БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ”
Сподели го ова:
Оваа година, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола, на сцената повторно оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир – во интернационален театарски дух и со врвни продукции од Македонија и светот!
Програма:
14.11 – “Макбет” – НУ Народен театар Битола, Македонија
18.11 – “Еволуцијата на распадот” – „Артема театарска лабораторија“, Македонија
19.11 – “Само ти(и)ја / Only You (and I)” – “Тим Театар”, Македонија
19.11 – “Ричард III” – НУ Народен театар Битола, Македонија
20.11 – “Јас Писблосом / I, Peaseblossom” – “Hani-Tong Theatre”, Хрватска / Англија
21.11 – “Како што милувате / As You Like It” – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Бугарија
Бидете дел од магијата на Шекспир во Битола!
Театарот повторно станува место на љубов, борба, страст и бесмртни приказни.
Влезниците за премиерата на 14ти ноември за отворањето на фестивалот се по цена од 300 денари, додека за останатите денови се бесплатни но со претходна резервација преку смс на телефонскиот број 075/549-400 (секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот) со следниве податоци:
•име и презиме
•датум
•име на претставата
Резервациите се обработуваат по принципот „прв јавен, прв услужен“, а потврдата ќе ја добиете со повратна СМС порака со информации за подигање на билетите.
*Вашата резервација е резервирана само доколку добиете потврдна смс порака!
*поради ограничениот број на седишта за дел од претставите влезниците за истите се во мал број, па поради тоа принципот за резервација е “прв јавен , прв услужен”.
Во текот на вчерашната вечер (19/20.02.2022) во периодот од 22.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 65 возачи. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да…
Насловна фотографија – илустрација На 14.08.2024 во 14.30 часот во ОВР Прилеп, од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп било пријавено дека при претрес на пратка за осуденикот Д.К.(38) од Прилеп била пронајдена грутчеста материја. Полициски службеници излегле на местото и ја подигнале пронајдената материја за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува…
На 11.05.2026 во 17:15 часот на ул.„Кузман Јосифовски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Б.(31) од Прилеп, со престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок – информира МВР.
Како што открива за тв Телма, в.д. директор на Клиниката за Детска хирургија -д-р Лазо Јовчески, деветгодишното дете кое што завчера заедно со неговата баба падна од зграда во општина Кисела Вода, се наоѓа во стабилна состојба, но не може да се каже дали е надвор од животна опасност, Детето е во стабилна состојба но…
На 19-годишниот Виктор Боневски му е дијагностицирана малигна неоплазма на абдоменот, која за жал брзо се шири. Како резултат на тоа, потребна му е итна финансиска помош од 60.000 евра за лекувањето во Турција. Можете да донирате преку следните броеви: Телеком: 143 112, А1: 143 507 или преку сметка во SPARKASSE BANK – трансакциска сметка:…
Со креативна идеја и разубавување на просторот, станарите од ул,, Васко Карангелески”, бр 125, згради пред касарна, ќе вршат контејнерско собирање на отпадот. Станарите од зградите беа искомуницирани дека отпадот неможе повеќе да се собира на улица на пунктот пред мостот, кој претставуваше одлагалиште на секаков вид отпад од несовесни граѓани и истите ќе се…