Има повеќе прилепчани! УКИМ ги објави 6-те наградени универзитетски професори
Сподели го ова:
Денес, на 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се приклучува кон светската заедница во одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, прогласен од УНЕСКО. Оваа година, темата: „Доверба, трансформација и иднината: Науката што ни е потребна за 2050 година“ повикува на размислување како се создава науката денес, и како се гради довербата во неа, за генерациите што доаѓаат.
Бидејќи, науката отсекогаш била двигател на човечкиот напредок, а денес, повеќе од кога било, потребна е наука што гради доверба – доверба меѓу истражувачите и општеството, меѓу универзитетите и индустријата, меѓу знаењето и етиката. Токму во довербата, се раѓа можноста за вистинска трансформација – онаа што ги менува системите, економијата, образованието и начинот на кој се гледа кон иднината. Потребна е наука што создава нови технологии, но и нови вредности, наука што се грижи за човекот, за општеството, за планетата, наука што е отворена, одржлива и хумана.
Денес, на Светскиот ден на науката, со гордост ги чествуваме најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чии резултати за 2024 година, ја претставуваат токму таа визија – наука што гради доверба и отвора пат кон иднината. Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ја додели годишната Награда на Универзитетот, за постигнати врвни резултати во научноистражувачката и уметничката дејност во текот на изминатата календарска година. Притоа, добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки;
проф. д-р Христијан Ѓорески, од Факултетот за електротехника и информациски технологии, најдобар научник за техничко-технолошки науки;
проф. д-р Драган Мијакоски, од Медицинскиот факултет, најдобар научник за медицински науки и здравство;
вон. проф. д-р Мартин Николовски, од Факултетот за ветеринарна медицина, најдобар научник за ветеринарни и земјоделски науки;
проф. д-р Огнен Спасовски, од Филозофскиот факултет, најдобар научник за општествени науки, и
проф. д-р Драган Даутовски, од Факултетот за музички уметности, најдобар научник за хуманистички науки.
Истакнувајќи го значењето на научната дејност за нашето општество, ректорката на УКИМ, проф. д-р Ангелова упати честитки до сите наградени, истакнувајќи: „Вие сте инспирација за сите нас, особено за идните генерации што ќе го водат нашето општество кон поинтелигентна и поодржлива иднина. Да продолжиме сите заедно да ја негуваме довербата во науката, да ја поттикнуваме трансформацијата преку знаење, и да ја градиме иднината што ја заслужуваме – иднина во која науката е јадро на мирот, развојот и човековата благосостојба.“
Синоќа, добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС – Гостивар, истакнуваат од ЦУК.
Во четврток на 08.08.2024 во 17 часот, во храмот Свети Кирил и Методиј – Параклис ќе се одржи акатист – вечерна богослужба и Петтолебие кон Светиот Климент Охридски – пред неговите свети мошти. Се покануваат верниците да присуствуваат на овој голем празник во прилепски Параклис.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, изјави дека учениците повторно ќе учат Историја. Ја сменивме програмата за 7 одделение, и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина, а учебникот е во печатење – истакна министерката Јаневска.
Денес, делегација на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп го испочитува ликот и делото на Ѓорче Петров со положување свежо цвеќе пред споменикот во центарот на градот и пред неговата родна куќа. … Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки…
Изминатиот викенд полициски службеници од ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Крушево, ОВР Македонски Брод и ОВР Демир Хисар при СВР Битола, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во централните градски подрачја на Ресен, Прилеп, Македонски Брод, Крушево и Демир Хисар реализираа превентивна активност, а по повод „8-ми Март“, меѓународниот ден…
Постои ризик граѓаните да не можат да обноват документи бидејќи КСОМ и Синдикатот на управата најавуваат штрајк. Исто така, ако штрајкот трае подолго време, огромниот број на наши граѓани од дијаспората кои постојано доаѓаат преку летните одмори за да ги обноват сопствените лични документи, не ќе можат да ги обноват, поради најавениот штрајк. “Јавноста мора…