Од 14 до 21 ноември, битолчани ќе уживаат во најновото издание на “БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ”
Сподели го ова:
Оваа година, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола, на сцената повторно оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир – во интернационален театарски дух и со врвни продукции од Македонија и светот!
Програма:
14.11 – “Макбет” – НУ Народен театар Битола, Македонија
18.11 – “Еволуцијата на распадот” – „Артема театарска лабораторија“, Македонија
19.11 – “Само ти(и)ја / Only You (and I)” – “Тим Театар”, Македонија
19.11 – “Ричард III” – НУ Народен театар Битола, Македонија
20.11 – “Јас Писблосом / I, Peaseblossom” – “Hani-Tong Theatre”, Хрватска / Англија
21.11 – “Како што милувате / As You Like It” – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Бугарија
Бидете дел од магијата на Шекспир во Битола!
Театарот повторно станува место на љубов, борба, страст и бесмртни приказни.
Влезниците за премиерата на 14ти ноември за отворањето на фестивалот се по цена од 300 денари, додека за останатите денови се бесплатни но со претходна резервација преку смс на телефонскиот број 075/549-400 (секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот) со следниве податоци:
•име и презиме
•датум
•име на претставата
Резервациите се обработуваат по принципот „прв јавен, прв услужен“, а потврдата ќе ја добиете со повратна СМС порака со информации за подигање на билетите.
*Вашата резервација е резервирана само доколку добиете потврдна смс порака!
*поради ограничениот број на седишта за дел од претставите влезниците за истите се во мал број, па поради тоа принципот за резервација е “прв јавен , прв услужен”.
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, на 09.05. 2023 во средното училиште “Ристе Ристевски Ричко“ во Прилеп спроведоа едукативна работилница на тема – “Превенција од девијантни појави: дрога, алкохол и цигари“. Во текот на работилницата на учениците им беа презентирани сите суштински информации околу поимот на зависност, особено од користење…
Со ОСОБЕНА РАДОСТ ја споделуваме веста дека по повод 10 години од своето постоење, по два успешно одржани јубилејни концерти, Хор „Св.Петка“ со целовечерен концерт ќе настапи во Капелата „Saint Vincent de Paul“ во ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА. На 26 октомври, со почеток од 19:30 часот, во чест на празникот на нашата светителка Св.Петка, членовите на хорот…
Денеска (10.07.2023) во 00.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари. При извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и алати со кои е извршена…
Уште еден нов успех на македонскисте ортопеди, а овој пат успехот доаѓа од прилепската болница “Борка Талески”, каде успешно беше имплантирана тотална протеза на колено. Оваа одлична вест, на социјалните мрежи ја соопшти Кире Јоноски, специјалист доктор по ортопедија кој што истакна: После долг период, повторно имплантирана тотална протеза на колено во ОБ Прилеп. Благодарност…
СВР Битола поднесе кривични пријави противМ.П. (54), И.Н. (49), С.Д. (55), М.П. (39), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.12.2023 на ул.„Партизанска“ во Битола, пријавените биле затекнати како вршат јавен такси превоз, без да поседуваат соодветна лиценца и извод од лиценца…
Нов парк на површина од над 3000м2 во Прилеп! Барањето на жителите од станбената населба на ул. „Васко Карангелески ’’ пред мостот кај касарната ,, Мирче Ацев’’ за партерно и хортикултурно уредување на просторот го реализираме! Заедно со ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, согласно важечкиот Детален урбанистички план, започнуваме со оплеменување на овој запоставен простор, во кој…