Новата Влада ќе ги тргне полициските огради кои старата Влада ги користеше за разбивање на граѓански собири

Сподели го ова:





























“Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири.

Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот.

СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период” – истакна Ивица Томовски.




Сподели го ова:

Слични објави