ОВАА СРЕДА ВО ПРИЛЕП: Прилепчани ќе уживаат во песните од проектот “Македонијо во срце те носиме 2”
Проектот “Македонијо во срце те носиме 2 ” во сопствената мапа на концерти, го стави и градот под Марковите Кули. На 24-ти септември во центарот на Прилеп со почеток во 20 часот, ќе настапат голем број на македонски изведувачи од светот на забавната и народната музика, при што истите ќе отпеат повеќе македонски патриотски песни кои се изработени со нови современи аражмани.
Помеѓу учесниците се: Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов..
Целта на овој музички проект е да се зачува музичкиот аманет, кој што ни е оставен од генерациите кои биле пред нас.
Да ја прославиме заедно македонската песна и да го исполниме нашиот градски плоштад со љубов, радост и гордост!
