НАША ГОРДОСТ! Македон се вброи во ТОП ТРИ најпаметни деца во светот
Македон Димитровски (11) оствари уште еден голем резултат на американскиот SAT тест – 1440 поени. Нашиот Македон освоил 740 поени по математика и 700 поени по англиски јазик. Овој тест служи за стандардна проверка за запишување на универзитети во САД, а воедно користи и за оценување на академската подготвеност на средношколците.
Неговото семејство истакнува дека ваквиот негов резултат го вбројува Македон помеѓу највисоко рангираните ученици на негова возраст на глобално ниво, со перформанс кој вообичаено го постигнуваат кандидати на 17–18 години.
