На 26 септември во Прилеп доаѓа Битолскиот камерен оркестар! Билети по 400 денари на билетарата во НУЦК Марко Цепенков
Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect ќе настапи со самостоен концерт во Центарот за култура во Прилеп на 26 септември во 20 часот, и тоа со најпопуларниот проект до денес –MTV The Greatest Hits 80s & 90s.
Публиката во големата сала ќе има ретка можност да ужива во незаборавните хитови од златната доба на музиката, во нови аранжмани, со врвни вокали и бенд, придружени од моќниот звук на оркестарот!
Влезниците за концертот по цена од 400 денари ќе започнат да се продаваат од вторник 9.09., секој работен ден, на билетарницата од Центарот од 10 до 12.00 часот.