Убавина во “Бимфоод” – Прилеп! Со песна и сплотеност се подготвуваа сармите за градската слава во Прилеп

Сподели го ова:





























Вчера беше навистина весело и распеано во просториите на Бимфоод – Прилеп кои се домаќини на годинешната градска слава во Прилеп, посветена на св. Никола. Имено, браќата Биќанин се покажаа како добри домаќини, при што ги отворија вратите на нивната компанија каде заедно со прилепчани, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, прилепските здруженија, како и дечињата од приватната детска градинка Ројал Кидс, учествуваа во подготовка на вкусните традиционални сарми, кои се незибежен дел од оваа градска слава.

“Ние се спремаме како компании за оваа манифестација, и чест и задоволство ние да ги поканиме сите граѓани во Македонија, нашите сограѓани, деловни партнери и соработници да дојдат на 19-ти декември на плоштадот Методија Андонов – Ченто, за да заедно го чествуваме овој голем верски празник, затоа што св. Никола не е само светец, тој е симбол на љубовта, верата, милостливоста, добрината и човештвото… Затоа заедно да бидеме сплотени на овој празник” – порача претставникот на компанијата “Бимфоод”, Рената Анческа Ацеска.

Секоја чест за Бимфоод – Прилеп и за браќата Биќанин! Вистински домаќини!

За многу години нека ни е претстојниот празник св. Никола!




Сподели го ова:

Слични објави