На 19 јули сцената на Пиво Фестивалот ќе им припадне на The Hounds -една од најпрепознатливите македонски музички групи
ДОМАШНА ЕНЕРГИЈА ЗА ГОЛЕМО ФИНАЛЕ!
Во недела, 19 јули, сцената на Пиво Фестивал 2026 ќе им припадне на The Hounds – една од најпрепознатливите македонски музички групи!
Со долгогодишна традиција, препознатлив звук и настапи кои секогаш ја креваат атмосферата на највисоко ниво, The Hounds ќе приредат вечер исполнета со емоции, одлична музика и незаборавни моменти.
Подгответе се за вечер во која ќе ги пееме омилените хитови, ќе уживаме во одлична атмосфера, ладно пиво и фантастична забава на најголемата летна манифестација во Македонија!
Недела, 19.07.2026
Пиво Фестивал 2026 – Прилеп
