Премиерното 7-мо издание на “Веселите Ѕвончиња” на 04 и 05 јуни во “Марко Цепенков” слушнете ги ПРЕМИЕРНО најновите хитови од најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:





























Модерен, детски – светски бренд!!! Да, токму така! Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” е единствениот фестивал кој што од страна на публиката е прогласен за Модерен, детски – светски бренд!

Најновите детски хитови од најновото 7-то фестивалско издание, публиката ќе има можност ПРЕМИЕРНО да ги слушне во Прилеп на 4 и 5 јуни во НУЦК “Марко Цепенков”.

Фестивалски претстави за дечињата од училиштата и градинките ќе има двата фестивалски дена на 4 и 5 јуни од 10 до 12h, додека пак главната вечерна фестивалска претстава која ќе се снима за на ТВ е на 4 јуни во 19:30 часот.

Како и секоја година, така и оваа ќе биде разиграно, распеано и веселоооо! Дојдете заедно да ги слушнеме ПРЕМИЕРНО најновите детски хитови и да се дружиме со урнебесните кловнови и маскотата од Веселото Ѕвонче 

За секоj детски посетител во денските фестивалски претстави следува подарок од “Ladna voda” и Витаминка. Цената на фестивалскиот билет е 200 денари, а за фестивалските претстави наменети за училиштата и градинките кои ќе го посетат фестивалот во денските фестивалски изданија билетот изнесува 150 денари.

Влезниците за вечерната фестивалска претстава која ќе биде вечерта на 04 јуни во 19:30h ќе бидат пуштени во продажба од 27.05.2025 година, а за продажните места ќе бидете дополнително известени.

Се гледаме на фестивал!

 Ве поздравуваат Вашите и наши ВеСелИ ЅвОнЧиЊа

Шеста година по ред –Ве каниме сите Вас…

Бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас,

и дојдете заедно да се дружиме, сликаме и пееме со распеаното Весело ѕвонче

на најновото – шесто фестивалско издание на Детскиот музички фестивал

“Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп, 2025




Сподели го ова:

Слични објави