Збогум пријателе! Денеска и небото плаче заедно со крушевчани! Почина Никола Зисов, човекот со ангелски лик и личноста која цел свој живот го посвети за неговото Крушево
Шок, тага и неверување утрово ги разбуди граѓаните на Крушево, откако како гром од ведро небо одекна веста дека нивниот сограѓанин Никола Зисов ненадејно почина.
Никола Зисов беше човекот со ангелски лик и личноста која цел свој живот го посвети за неговото Крушево, преку неговите проекти и јасна визија за уште поубаво Крушево. Никола беше човек со искрена посветеност, чесност и голема љубов кон татковината. Секогаш беше меѓу луѓето, подготвен да помогне и да даде поддршка, оставајќи силен белег кај сите што го познаваа. Неговото заминување остава голема празнина што тешко ќе се пополни.
Информативниот тим на СТАНИЦА.МК упатува искрено сочуство до неговото семејство, пријателите и неговите сограѓани.
Ќе недостасуваш многу наш искрен пријателе!
Вечно ќе те паметиме онака добар, ведар и насмеан, всушност онака како што знаеше да бидеш само ти. Нашите однапред договорени заеднички проекти за Крушево, ќе ги реализираме во твоја чест, зашто знаеме колку многу го сакаше Крушево.
Почивај во мир наш искрен пријателе!
