МЛАДИНСКА ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Денеска, младите фудбалери од ФК Победа денеска го имаа својот последен тренинг пред утрешниот меч
Утре од 14 часот, младинците на ФК Победа ќе го одиграат реванш натпреварот од 1-то коло на Младинската лига на шампиони против “Колерајн”,  на главниот терен на комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ во Скопје.
Денес во Скопје, младите талентирани фудбалери ФК Победа го имаа својот последен тренинг пред утрешниот меч во кој што ќе направат буквално баш се, за да се анулира негативата од 2-3 од првиот меч кој што го имаа минатата среда во Колерајн.
