МИРИСА НА СТУД? Во Прилеп утрово измерени 4 степени
Есента веќе две недели откако пристигна, а со нејзиното доаѓање пристигнаа и утринските температури. Утрово во градот под Марковите Кули беа измерени 4 степени, а веќе е најавено дека во наредните денови (врз основа на временската прогноза) треба да падне и слана во прилепскиот регион.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, при што ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува пак до максималната температура, таа ќе се движи во интервал од 15 до 23 степени. Во Прилеп ќе имаме слично време со температура до 20 степени.
