Денес министерот за култура и туризам Зоран Љутков беше во работна посета на Битола со цел да се запознае со актуелните состојби во културните установи. Директно од директорите на Центарот за култура, Влатко Илиевски, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, Зоран Николовски и Народниот театар, Васко Мавровски беше информиран за текот на реализацијата на одредени проекти. На средбите присуствуваше и Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола.
“Заводот за заштита на спомениците и музеј-Битола активно работи на обновата на нашето културно наследство.
Инвестиции од 1,2 милиони денари за реставрација на предната фасада на објектот;
1,4 милиони денари за уредување на дворот и лапидариумот;
Реновирана е сувенирницата која е од особено значење за туристичката понуда на градот;
Превземање на наследството на Кирил Македонски по повод 100 години од неговото раѓање, 200 000 денари;
Целосно реновирање на музејската поставка со 2 милиони денари.
За археолошки истражувања издвоивме:
1 милион денари за археолошките истражувања на локалитетот Градиште во с. Црнобуки;
Обезбедивме 4,2 милиони денари за конзерваторски и реставраторски работи на ентериерот на Јени џамија (12 милиони денари за три години);
Со 2 милиони и со 2,5 милиони денари се реализираа и проектите за конзервација и реставрација на фасадите на Спомен-куќите на македонските револуционери Гоце Делчев и Стив Наумов.
Ова се конкретни чекори со кои ја враќаме грижата за културното наследство таму каде што и припаѓа, во центарот на институционалното внимание.
Потпишан договор за реализација на капиталниот проект за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, вреден 94 милиони денари. Овој објект кој со децении е нефункционален и служи како простор за складирање, до 2027 година треба да прерасне во мултифункционален културен објект.
Министерството за култура и туризам останува посветено на унапредување на културaта. Спремни сме да вложуваме во реални проекти, со конкретни резултати. Времето на празни зборови остана зад нас. Заедно, отвораме ново поглавје за културата во Битола!” – истакна министерот Љутков.
Општина Прилеп го објави Јавниот повик за предлагање кандидати за членови на Локалното собрание на млади на Општина Прилеп.Локалното собрание на млади претставува тело составено од по еден делегат и еден заменик-делегат, кои се предлагаат од младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации, како и други облици на младинско здружување.Членовите на…
Македонскиот народ се подготвува за прослава на големиот христијански и државен празник “2-ри август – Илинден”. Исто така, денеска во историското Крушево се очекува да пристигне Илинденската коњаница, која неколку дена патуваше, за да денес – ден пред Илинден пристигне во Општина Крушево. И оваа година коњаницата на автентичен начин ја пренесува пораката за издржливоста…
Денеска во централното градско подрачје, случајните минувачи во центарот на градот беа сведоци на една прекрасна глетка! Имено, утрово додека работниците од прилепски Водовод работеа на теренски активности, дечињата од “Ројал Кидс” ги почестија со кафе. “Утринско кафе на луѓето кои работат на обновување на водоводната мрежа на улицата до нашата градинка. Уште кога е…
Овој петок е “Велики Петок” – најтажниот ден во годината, денот кога е распнат нашиот спасител -Господ, Бог Исус Христос. Какви страдања преживува нашата душа, каков ужас го обвиткува нашето срце гледајќи го овој страшен призор? Каква збунетост го опфаќа нашиот ум во овие мигови кога мислено се искачуваме на Голготската гора? Какви зборови можат…
Веќе од понеделник, како резултат на влијанието на влажен и студен воздушен бран, насекаде низ Македонија ќе имаме врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Како резултат на овој студен бран, ќе се формира и снежна покривка на повисоките места. Исто така, нареднава недела ќе имаме и засилен ветер…
На 07 јули ни доаѓа големиот христијански празник посветен на раѓањето на св.Јован Крстител – или кај народот попознат како “Иванден”. На овој ден традиционално сегогаш се прават кравајчиња, кои им се даваат на децата, а токму дечињата се тие кои најмногу им се радуваат заради шарените бонбони со кои се украсува кравајчето. Додека пак…