Министерот Љутков, повторно на терен – овој пат во Штип

Сподели го ова:





























Денеска, Министерот за култура Зоран Љутков ги посети културните институции во Штип, при што имаше плодотворни разговори со директорите за актуелните состојби и можностите за унапредување на активностите како и подобрување на условите за работа.

“Од увидот во состојбите, можам да заклучам дека Центарот за култура „Ацо Шопов“ е во задоволителна кондиција, но дека се потребни нови инвестиции за осовременување на објектот. Програмските средства никогаш не се доволни, но за непречено одвивање на дејностите овде се соочуваме со недостиг од основен технички кадар потребен за реализација на програмите на Центарот и на Штипскиот театар. Изминативе години не биле пополнети ниту највиталните позиции потребни за реализација на продукциите што довело и до намалено ниво на програмски содржини, недоволен репертоар, речиси затворени институции. Во приоритетите на нашата политика ќе биде изнаоѓање модел за постепена кадровска обнова и доекипираност на Центарот за култура како установа која е носител на културниот живот на Штип. Освен тоа Штипскиот театар, институција со долга традиција, работи во стар и дотраен објект чиј покрив прокиснува. Во нашите развојни буџетски програми, во делот на инвестициите ќе мора да најдеме средства со кои етапно ќе го обновиме Театарот. Истовремено ќе работиме да се обезбеди безбедност на вработените и на публиката и се разбира поголем продукциски квалитет, што е наш врвен приоритет.

Со градоначалникот Иван Јорданов разговаравме за изнаоѓање алтернативни средства за проектите за кои има конзерваторско одобрение и на кои може веднаш да се работи, а тоа се: Саат кулата во Штип, Хусамедин пашината џамија или црквата Св.Илија како и за проектот за конзервација на Исарот. Се разбира дека се ова долгорочни проекти за кои Министерството за култура и туризам ќе издвојува средства во наредниот период. Предизвик е да се грижиме и да го чуваме културното наследство, да ја анимираме меѓународната заедница за нивната вредност и да овозможиме широка достапност на културните, природните и гастрономските убавини на Штип како наша автентична туристичка понуда” – истакна Министерот Љутков.




Сподели го ова:

Слични објави